Description
Доколку барате стан кој веднаш остава впечаток, ова е вистинската можност за вас! Стан од 67 м², совршено и функционално распоредени, без ниту еден изгубен квадрат. Топ распоред, многу светлина и чувство на простор уште од првиот чекор.
Се наоѓа на 10-ти кат во една од најпрепознатливите згради – Трите кули, веднаш спроти болницата Санте, локација која е исклучително атрактивна и погодна за живеење, но и како долгорочна инвестиција.
Зградата нуди:
✔ Два лифта, од кои еден товарен
✔ Видео надзор и камери – безбедност 24/7
✔ Влез со токен систем
✔ Многу паркинг простор – паркирање без стрес 🚗
Распоредот на станот е идеален и се состои од:
🏠 пространа и светла дневна соба поврзана со трпезарија и кујна
🛏️ голема спална соба со комфор
🧸 дополнителна мала соба – совршена како детска, работна или гостинска
📦 шпајз за практично складирање
🌇 тераса за утринско кафе или вечерен одмор
Станот располага со чист имотен лист, без никакви оптоварувања и е веднаш подготвен за продажба – идеален за оние што сакаат брза и сигурна купопродажба.
Ова не е само стан – ова е дом со локација, сигурност и квалитет кој ретко се појавува на пазарот.
- Главна главница и камата
- Данок на имот
- Надомест за HOA